Овој опфат беше во мала мера дополнително зголемен со измената и дополнувањето од јули 2013 година која прецизира дека Законот за јавни службеници се однесува и на вработените во јавните претпријатија кои вршат стручно-административни, нормативно-правни, извршни, управни, статистички, административно-надзорни, плански, кадровски, материјално-финансиски, сметководствени, информатички работи и други работи од административна природа, во врска со вршењето на работи од јавен интерес согласно со закон (чл. 1, ЗИДЗЈС/јули.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
До нови промени дојде во 2014 година кога се изврши групирање на работните места согласно Законот за вработените во јавниот сектор105 и тоа на: (1) јавни службеници; (2) даватели на јавни услуги во јавните претпријатија и (3) помошно - технички лица (чл. 4 од ЗИДЗЈП/фев.14), па согласно оваа поделба за вработените во јавните претпријатија кои вршат работи од административна природа во врска со нивниот работен однос се применува Законот за административни службеници106 и колективните договори (чл. 5 од ЗИДЗЈП/фев.14), додека пак за давателите на јавни услуги и помошно-техничкиот персонал освен ЗЈП, се применуваат и Законот за вработените во јавниот сектор и колективните договори, како и општите прописи за работните односи соодветно (чл. 6 и 10 од ЗИДЗЈП/фев.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)