Новините кои ги содржи новиот закон, vis-à-vis стариот, се следниве: 19 1) воведување драстични промени кај стварната и месната надлежност за постапувањето по барањето за извршување [по- рано беше „предлог за извршување“] кај т.н. Reintegratio: имено, по однос на извршна исправа, според која работодавачот е должен да го врати работникот на работа или, пак, одново да му ги довери работите односно работните задачи што тој ги вршел порано – на- место државен правосуден орган, односно судот на чие подрачје се наоѓа седиштето на правното лице (чл. 223, ЗИП-ка/97), од 2005- та надлежен е извршител како лице со јавни овластувања – и тоа само еден од повеќето извршители кои се именувани за подрачјето на конкретниот основен суд, чијшто извршни исправи, всушност, тој и присилно ги извршува. 2) нов момент при начинот на спроведување на извршувањето: доколку неуспешно е изминат парициониот рок, којшто судот му го дал на работодавачот за да го реинтегрира работникот во процесот на редовна работа, тогаш „враќањето“ на работа се спроведува по пат на изрекување парична казна – и тоа по принципот на идно т.н. пропорционално зголемување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Така, на пример покрај разни бенефиции, постојат и ограничувања на правото на синдикално организирање, или на правото на штрајк – согласно обата носечки закони од оваа област: новиот 127 актуелен Закон за внатрешни работи (2009)2 како и Законот за полиција (2006).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
МВР, каде што и моментно работи Б. Н., е доста голем и гломазен државен орган во кој, на државно ниво, се вработени околу 12.000 лица и којшто подлежи под посебни регулативи, а особено во областа на уживањето и остварувањето на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Новините коишто ги содржи новиот и актуелен Закон vis-à-vis стариот се следниве: 1) воведување законски инструктивни рокови за забрзување на постапката, коишто дотогаш не постоеја.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во временскиот период за кој е анализиран овој доста битен и актуелен закон (2010–2014), истиот претрпел дури 11 изменувања и дополнувања.123 Со овие измени битно се ограничи правото на невработените лица да уживаат здравствено осигурување, стапките по кои се пресметуваат придонесите стагнираат или се намалуваат во споредба со 2009 година, а дополнително се предвиде и плаќање на придонеси за популарно наречените „хонорарци“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Имено, ситуацијата се усложни уште повеќе кога во меѓувреме, во текот на постапката, со Решение II Л.бр. 20/05 и 26/07 донесено од Основниот суд Скопје I, во ноември 2005-та, е отворена ликвидациона постапка над „Водостопанство Вардар“ – сметано од јануари 2004 (а како ликвидатори беа назначени прво М.Велинов, а потоа Т.Мартиновски – согласно Глава IX од тогаш новиот, а сѐ уште актуелен Закон за водостопанствата [2005], којашто носи наслов „Престанок на работа“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
39 Ова имплицира дека некој намерно го ставил случајот на страна, сè со цел факторот „време + трошоци“ да ги натераат тужителите сами да се откажат од тужбата, што и делумно го сторија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, наместо само врз работодавачот, со новиот и актуелен закон, е предвидено со ваква казна паралелно да се казни и одговорното лице кај работодавецот 19.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)