американски (прид.) - разузнавач (имн.)

Неговиот заклучок бил јасен во однос на тоа дека „македонското прашање“ „…ќе биде еден од најтешките проблеми што ќе треба да се реши на Балканот“ и дека „без разлика какво ќе биде решението, тоа секогаш ќе наиде на жестоко спротивставување од едната или од другата страна“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа биле првите независни анализи на американските разузнавачи за политичките и етничко-националните прашања во Кралството Југославија и за можностите за нивните идни решенија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Имено, од средината на 1943 година пораснал бројот на партизанските одреди, а со тоа се зголемиле и нивните акции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа го потврдува и извештајот од 19 ноември 1944 година на еден американскиот разузнавач, кој во својот извештај се осврнува на одржувањето на Антифашистичкиот конгрес за национално ослободување на Србија, што бил одржан во Белград од 9 до 12 ноември 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Она што посебно го привлекло вниманието на разузнавачот било "македонското прашање", кое на Конгресот било поставено "третиот ден", од страна на бугарската делегација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На крајот од својот извештај американскиот разузнавач со право ќе заклучи дека „овие говори, изјави и протести се добар показател за интензитетот со кој народот на Југославија и Грција се однесува спрема македонското прашање, дури и сега пред да биде завршена војната“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Колку и да настојувале американските разузнавачи да ја прикриваат активноста на ПО на територијата на Македонија, кон крајот на 1943 година повеќе не можело да се бега од вистината.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во извештајот од 22 јануари 1945 година американскиот разузнавач ја запознава својата централа со македонските територијални прашања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓу другото, тој истакнува дека разговорал со Едвард Кардељ, "еден од најдоверливите политички советници на Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој контекст била и анализата на разузнавачите на ОСС за македонските организации во Бугарија и за односот на бугарските партии спрема иднината на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)