Полека се одлепуваш од светот на француската кафетерија, од џуџестите мексикански келнерки и бучните разговори на европските уметници распослани по соседните маси во потрага по својот американски сон, од тропањето на виљушките, мирисот на подгреаниот рататуи- гулаш и ѕвонот на кеш- регистарот...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Од белите неоантички палати до дрвените викторијански куќички, од мермерните споменици до непрегледните војнички гробишта, од станарите сместени помеѓу империјални столбови до оние што пред тие столбови секојдневно протестираат - насекаде до тебе допира визијата на основачите на американскиот сон, нивните остварени замисли и оние што допрва треба да се остварат.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
На разделба, моите униформирани колеги ме поучија: - Како што гледаш, суштината на американскиот сон не е да добиеш работа - туку да дадеш отказ!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
А, уметност евентуално ако поминува со пуканки...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Отприлика полнотијата на амбалажата на просечниот сонувач на Американскиот сон... м Дали гласаш?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)