Дури кога се испрелизгаа преку ридот што ги дели Дардаванија и Леденото Езеро на Подводниот Вок со едно око, тогаш Дедо Мраз се сврте да ги предупреди играчките како да се однесуваат, погледот му застана на ангелското лице на девојката, односно куклата со образи од две зацрвенети јаболчиња, над кои очичките како две расцутени ружи му прошепнаа: “Зар мислиш дека ќе можеш да побегнеш од мене!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Никогаш нема да сум твоја, јас сум ѓавол, со ангелско лице. немој да се залажуваш, совршенството можеби е лажно!
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Кога ги раздиплив картоните меѓу кој лежеше акварелот, кога го извадив на дневна светлина, забележав оти тоа не беше портретот со лузни, темен и оскбен, тоа не беше ликата на остарената, грешна и гнилежна Ангелина, туку во боите сјаеше ангелско лице, онакво какво таа го посакувала во молитвите упатени до Троичниот Бог и Пресвета Богородица.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Таа е дете на ѓаволот, со ангелско лице. Имајте на ум дека сè што ве привлекува, е опасно.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)