Ќе ја видиме новата постановка на Атеистичкиот музеј основан во 1967 година кога започнува атеизацијата на Албанија, како прва атеистичка држава во светот според Уставот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Трагиката на родната земја, под сталинизмот и внатрешниот ѕид од седумстотини илјади бункери, ја видов и ја пренесов низ глобалната метафора на Атеистичкиот музеј (во книгата со истоимениот наслов) во Скадар, изграден со цел во првата и последна атеистичка држава во светот, идеологијата да го преземе местото на трите религии (исламот и христијанството, со православјето и католицизмот).
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)