атомски (прид.) - бомба (имн.)

Но најголемиот дел од деструкциската уметност на жените го истражува проблемот на уништување на идентитетот и децентрирањето на Јас.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И додека Холокаустот може да биде наш репрезентативен текст кој делумно е читлив низ технологијата на деструкција, тој текст сепак мора да се врати кон читањето на материјалниот универзум на телесната болка. R.D. Laing се сеќава на „едно малечко седумнаесетгодишно девојче во ментална болница“ којашто беше исплашена поради „атомската бомба во неа“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Еден од сопатниците шеговито рече дека од нив може скришно да се пренесе атомска бомба, но не и килограм нецаринета ракија...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој додава: „Каква атомска бомба?“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Обично, во секој шпионски филм има многу елементи на насилство, а ние сето тоа го избегнавме.” •Како дојдовте до идеја да го снимите оној долг кадар со камерата во движење за славната љубовна сцена на балконот? •Хичкок: „Чувствував дека љубовниците мора да останат во прегратка, дека ние мораме да им се придружиме.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Одговарам: „Тоа е ураниум, и тоа треба евентуално да послужи за правење атомска бомба.“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Така камерата ги следи до телефонот, постојано во крупен план - до телефонот и преку него до вратата - сѐ во еден кадар.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Експлозијата на атомската бомба - теоријата се покажа жестоко реална - ја обележа неговата средина.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Разгледувајќи ја хетерогената маса на печатен материјал што лежеше околу мојот кревет - со наслови од Феминизам и Фуко до Правење на атомска бомба - бев принудена да признам дека дури поимот еден по еден интерес веќе не функционира во мојата очигледно заплеткана, постмодерна психа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На Балканот не постоела инквизиција како на Иберискиот Полуостров, со практика на крвави преобраќања на верите на Евреите и муслиманите, ниту на него се случила крвавата Вартоломејска ноќ (меѓу 24 и 25 август 1572 година), кога биле убиени десетици милијарди илјади хугеноти од страна на католиците како дел од верска војна, на Балканот не беа создадени концентрациските логори на фашизмот, ниту овде беше создадена атомската бомба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имало жестоки и кравави периоди за време на Османската Империја, задушувани востанија, но немало овде големи стогодишни војни како на Запад помеѓу Англија и Франција, помеѓу Франција и Германија, помеѓу Англија и Шкотска...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нови јаничари, без око да им трепне, беа воените пилоти, кои како да фрлаа играчки, со кастрирана совест, кои фрлија атомски бомби врз Нагасаки и Хирошима од кои загинаа само за неколку минути стотици илјади луѓе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Што е уште поинтересно, сите три сили веќе поседуваат, во атомската бомба, едно оружје далеку помоќно од кое било што нивните денешни истражувачи би можеле да го откријат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако Партијата, во согласност со обичајот, го присвојува пронаоѓањето, атомските бомби се појавија првпат во почетокот на четириесеттите години на дваесеттиот век и првпат беа употребени во поголем број десет години подоцна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За тоа време можат да бидат поставени ракети натоварени со атомски бомби на сите стратешки точки; на крајот сите тие ќе бидат испукани истовремено, со толку разорни резултати, што ќе ја направат одмаздата невозможна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите три сили продолжија да произведуваат атомски бомби и да ги складираат за решавачки момент за кој сите тие веруваат дека ќе настапи порано или подоцна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа се случи на едно друго скришно место што го знаеше Џулија, камбаната на една руинирана црква во еден речиси напуштен дел од градот, каде пред триесет години беше паднала атомска бомба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ефектот беше да ги убеди владејачките групи во сите земји дека уште неколку атомски бомби би го означиле крајот на организираното општество, па според тоа и на нивната власт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби тоа било времето кога паднала атомската бомба врз Колчестер.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прва е атомската бомба - таа ја дезинтегрира стварноста.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Потребни се 500 милиони долари тоа да се направи во еден разу­мен рок; 500 милиони долари да се спречи експлозијата на 15 атомски бомби.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овој германскиот Мегле најмногу ми се допаѓа – ми вели и го уфрла златното пакетче путер во кошницата: А кажи ми, каде експлодирала првата атомска бомба? – Во Хирошима – одговарам оти морам, иако ми е јасно, познавајќи го Врапче, дека очекувано грешам. – Не би рекол.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Зјапаше во рацете. „Откако атомската бомба ќе падне врз нашиот град, ќе се огласи радиото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Резултат на овие процеси - и новите претпоставки за микронивоата и новите методи за дедукција и апроксимација одоздола- нагоре - ни дозволуваат да конструираме нови реалности во макросветот како што се компјутерските кола и атомската бомба.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сакав тоа да му го кажам, ама ме фати страв да не ми ја фрли онаа “атомска бомба” и да ме усмрти, и се воздржав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зашто имаат атомски бомби.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ајде нека ја фрли атомската бомба, па да видиме!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама, напаѓаат ли со атомски бомби? Не! Е, па не, сигурно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)