бабар (прид.) - обред (имн.)

Бев повреден до срж, бев гневен, оти во љубовта најмногу разжестува покажувањето несексуална моќ; веќе не ја слушав Луција, и само се сеќавам, како низ магла, дека таа говореше за некаков втор блок од програмата, по некакво оро, и дека финале, круна на приредбата ќе бил бабарскиот обред од нејзиното село кое ќе го изведувала таа со некоја одбрана дружина од тој крај; во тој обред таа го препознала самото битие на овој народ, а тоа било многу важно за зачувувањето на здравиот народен дух денес, особено кај помладите генерации.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа клечеше пред мене стрештена; побледе; потем стана, понижена, ја зафрли бесно косата на грбот со едно движење на главата (беше расчешлана, подготвена за следната точка: бабарскиот обред, каде требаше да биде невеста), и рече: „Добро, Јан Лудвик.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем Луција излезе, рече дека нема „бис“, дека тоа била само пауза, и ја замоли публиката да се сконцентрира на најважното, на круната на целата приредба: бабарскиот обред. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Конечно, за крај на есејот напишав и нешто што не го мислев; односно, напишав нешто што го мислев за изведувачите на бабарскиот обред, но не и за самиот обред.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Откако Луција заврши, тој побара збор: рече дека му се допаѓа многу сценариото за приредбата, но дека би сакал и тој да испее народна песна, веднаш по блокот рецитации, а пред бабарскиот обред.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)