И Климент Камилски, кој на почетокот беше речиси дел од процесот за конечна пресмета со опасните турцизми, со текот на работата ја разбираше комплексноста на процесот, уверувајќи се, сепак, во тезата, која претходно ја оспоруваше дека Балканот бил вообличен и од византиско-османската ментална синтеза.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На балканските ветромети Татко се увери, по доживеаните балкански и светски војни и падот на Османската империја, епохата на комунизмот, дека најпосле Балканците треба да си ја пишуваат својата историја, како хронологија на настаните, личностите, епохите или како историја на обичните зборови кои живееле во хармонија, дури и во сојуз со различните јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)