Ова можеше да биде тешко обвинение, на кое како да чекаа блиските ликови од овој театар на апсурдот со свој последен чин во замрачената балканска крчма.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но човеков нема ништо со овие „јаничари“ чиј татко пишува за нивната историја, но синот- наратор до крајот си останува на своето („А што се однесува до мене, јас одненадеж ја почувствував потребата во оваа проклета балканска крчма да одам докрај во разговорот, небаре најден во ринг во кој се разменуваат идеи како смртоносни удари.“).
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И четворицата од блиската маса, откако ги послужи келнерот со нова тура гроздова ракија, стануваа побучни. Стануваше живо во балканската крчма.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)