И така во длабоката ноќ, која беше вистински само нивна, на Климент Камилски и на Татко, чудесната рапсодија на тишината на книгите, која ја нарушуваше говорот на двајцата балкански книгољупци, тишината на книгите со оживеани значења, со искри проблесна светлина во темнината на балканската ноќ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Продолжуваше патот на јагулите... Длабеше балканската ноќ во просторот на истекот на реката од големото Езеро.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
VIII Таа длабока, темна и тмурна балканска ноќ, кога јагулите, десеткувани го напуштаа Езерото, силно се врежа во татковото сеќавање.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во мигови на кристална самотија во срцето на балканската ноќ, кога лесно слегуваше дури до потсвеста, си помислуваше дека состојбата во која се најде неговото семејство е можеби реванш на судбината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таа тмурна балканска ноќ, милиони јагули од сите езера, непознати мирни води, го започнуваа големиот и неизвесен пат, во ритмот на минливоста, упатени кон големиот океан на нивната смрт и воскреснување.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)