I Да можеа да зборуваат сите Мајкини гени и хромозоми, тие ќе ви ја раскажеа најнеобичната балканска одисеја на еден живот минат, во најголемиот свој дел, во одбраната на едно семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Според посакуваната судбина од мајка си, синот да му биде ветен во искачувањето и останувањето во цариградските висини на власта, Татко по завршените студии и поддршката на својот вујко во Цариград, ќе го продолжи животот во некаква балканска одисеја со семејството.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Конечно откривањето на битолските кадиски сиџили (од ХVI-ХIХ век), го запечати крајот на егзилската балканска одисеја на Татко и семејството.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На балканските ветромети Татко се увери, по доживеаните балкански и светски војни и падот на Османската империја, епохата на комунизмот, дека најпосле Балканците треба да си ја пишуваат својата историја, како хронологија на настаните, личностите, епохите или како историја на обичните зборови кои живееле во хармонија, дури и во сојуз со различните јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога нив ги прочита Лордот Џон Гордон Бајрон, пред да замине во неговата славна балканска одисеја, беше начисто за религијата на Албанците …
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ќе ги запише, во почетокот на првата глава (романот е поделен или распослан врз 58 одделни поглавја или врз 358 страници – Г.Тод.) авторот следниве зборови: „Да можеа да зборуваат сите Мајкини гени и хромозоми, тие ќе ви ја раскажеа најнеобичната балканска одисеја на еден живот минат во најголемиот свој дел, во одбраната на едно семејство”.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)