Идеалите на оптимизмот кои најсилно ферментираат во младоста, во кревката душа која верува во сите можни апсолути, кои ги пластев учејќи ја и читајќи ја француската книжевност и филозофија низ нејзините доминантни преставници, кои во мене ја извишуваа моралистичката крива, картезијанската логика, откако го открив Сјоран започнав да се сомневам во нив.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Филозофот од балканско потекло ги урнуваше во мене сите оптимистички химери, сите можни лажни апсолути, метафизички или идеолошки илузии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Речиси секој од нив имаше далечно или блиско балканско потекло. Тунчеровите предци потекнуваа од Босна.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)