Семејството на авторот, има роднини во Албанија, Турција и тоа ја сугерира сагата на балканското семејство, кои се истовремено во повеќе земји, што не ги олеснува работите на индивидуално ниво, без да зборуваме за посложените проблеми...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Му се заблагодарив за малкуте песни кои ми ги објави во збирката Песни од Картагина (пишувани како еден вид дипломатски анти-телеграми во времето кога бев амбасадор во Палестина, во државата која беше прогласена, според неговата напишана декларација), кои беа печатени на арапски јазик во неговото списание Ал Кармел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Му раскажував за годините минати крај Арафат во Картагина, за мојата дипломатска мисија, за мојата желба да пишувам за тие времиња, за дипломатските години, можеби во книжевниот жанр на романот кој сметав дека може најблиску да претстави еден можен тоталитет на еден историски процес-роман во рамките на една долга романескна балканска сага, на моето албанско и балканско семејство...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Говореше со нему својствениот спокој, за секогаш неочекуваните прекини и за новите почетоци во историите на балканските семејства, за последиците од војните, за влијанието на империите и за нивните падови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)