Втората солуција, според него, била „балканска федерација, во која ќе бидат вклучени сите балкански народи, откажувајќи се од својот мал национализам во рамките на заеничката федерална држава, секоја земја задржувајќи ограничен суверенитет“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кон ова се надоврзувала и информацијата од Главниот штаб на сојузничките сили до Штабот на воздухопловството од 1 декември 1944 година во која се потенцирала изјавата на бугарскиот министер без портфолио Петров дека “втора цел во програмата на Отечествениот фронт е унија на Бугарија и Југославија или како алтернатива балканска федерација вклучувајќи ја и Македонија како рамноправен партнер...“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Солуцијата може да претставува комбинација на автономија за населението свесно за својот посебен идентитет со економска слобода на поголема област и со слободен излез на Солун.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тој бил противник на каква било форма на балканска федерација и самиот настојувал „да спречи групирање на малите социјалистички држави, да се оневозможи тие во заедница да се грижат за својата независност и суверенитет, да останат така самите за себе изолирани едни од други, без потпора една на друга и секоја да го положи својот суверенитет и својата независност во рацете на советската влада под нејзин протекторат.“ 359
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Но формирањето на словенска федерација, која ќе се протега од Јадранското до Црното Море, би предизвикала страв и во Грција и во Турција и може да биде во спротивност со британските интереси. (в) Автономија на негрчка Македонија во рамките на балканска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И сметал уште дека големите сили не би смееле да ги разделат балканските заедници на сфери на влијание.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
272 Како прв чекор во остварувањето на таа идеја бил потпишаниот договор за унија помеѓу Југословенската и Грчката влада во емиграција во 1942-та, како база за поширока балканска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, идејата никогаш практично не заживеела поради сомневањата на СССР во целта на самата федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)