Безусловната љубов создава хармонија, а мудроста е најголемиот добродетел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тој е херој на безусловната љубов кон животните, бунтовник којшто ќе исчезне со козите во утробата на еден недофатлив рид.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Премногу е рано да кажам дека добив од животот се што сакам, но се што сакам до сега го добивам во неограничени количини, а тоа е безусловна љубов која ме направи денес тоа што сум.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сите ние се раѓаме со предодреден ген и код, но умешноста на прифаќање на животот таков каков што е, е во способноста да се создаде внатрешна хармонија (да се биде во мир со самите себе), да бидеме способни за зрела љубов, да доживееме духовна и физичка интимност и блискост, да имаме почит кон себе и кон другите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)