бел (прид.) - виделина (имн.)

Земјата се сурива, калливите прсти ја гребат, торбичките се полнат и ортомата е пак нишка, оптегната меѓу нив и онаа бела виделина на излезот што единствено потсетува на животот и неговиот ден.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И колнела расплетувајќи ги косите и паѓајќи на коленици, секој збор да ги жегне, семето да им се сотре, утрешна бела виделина да не дочекаат. Не ја тешеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Над влезната порта венче од детски солзи му пркоси на законот на гравитацијата среде бело венче ѕвони бело ѕвонче бели коњи со распавтани бели сни и занданите имаат облик - бела ѕвезда бело насмеана со опашка од бела роза бели галежи на бела свила од првата ноќ до последната бела виделина бел садник од рози во срцето - осаменоста ја скорива љубовта гнетот го скорива гневот бело варосани ѕидови во нив светлината жртва заѕидана врела голтка запрена среде суво грло и смртта тука имала бела боја и многу сакала да гушка листиња од црвени рози.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Знаев, заофкала жената. - Знаев дека ќе му ископате гроб, проклети да сте.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш, кога најмалку се надеваш, сè ќе излезе на бела виделина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)