Се разденува. Намуртена, бледорозова развиделина се спушта од кај Бела Вода и лениво се постелува отаде Преспанското Езеро.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Срамота! - подвикна пак и рече: - Нашите браќа таму се борат - крвават - тој покажа на кај Бела Вода – а таа Бела Вода - планината над Герман, а од таму, од Отешево како на дланка се гледа и Лунѕер и Врба - Јани покажа на широко отворената дланка - како да ги имаш на дланка, така се гледаат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не се задржуваат. Брзаат да излезат на рамнината во Раби и од таму да го фатат Пероо, теснецот меѓу двете езера и на овој начин на единиците кои се повлекуваат од Бела Вода и Бигла да им го затворат патот кон Албанија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Воѓе, бели воѓе кај црна црните? Од вас до мене од мене натака кого барате?
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Во жетвар беа ожнеани на Вичо - Коста и Доне, на Харо – Јане, Васил на Горуша.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Бела Вода е таму, Превалот, Врба, Малимади, Вичо е таму... - болно рече Нумо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Стариот Начко секој ден ја биеше камбаната.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Така му рекоа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Јане им погина на Бела Вода. А на Цветници, кога цутеше дренот, плач се растури во куќата на Митрашковци.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Бројки... зад кои се тие, кои останаа на Копанче, Аљавица, Чарно, Краставец, Свети Илија, Круша, Горуша, Ќафа, Клефтис, Горнаи Долна Арена, Вичо, Мали-Мади, Баро, Јамата, Рото, Плати, Крсто, Бигла, Лунѕер, Бела Вода, Врба, Гревена, Негуш, Воден, Лерин, Преспанското Езеро, болниците во Корча, Драч, Елбасан, Тирана, Сукт, Јасеново, Катланово... Бројки... бројки... бројки...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
– Генералот направи еден чекор назад, со раширени нозе неколкупати удри на земјата небаре проверуваше дали е доволно тврда за да го држи, потоа подигна глава и се загледа во врвовите на планината Бела Вода.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Водата е мошна чиста и бистра. Далеку од брегот се распознаваат струи на пенливо бела вода во зелената езерска.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)