Проклетството продолжило: крастите се ширеле и од другата страна на кожата. И мозоците им се расцветувале од нив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сега оваа кутра девојка е жигосана, има белег на себе... Ќе ја бие лош глас... Ќе биде бела врана во околината...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Не дознав зошто: дали од жал го стори тоа или почувствувала дека е таа виновна за тоа, или пак сакала со тоа да ја замачка работата, да разгласи дека не било ништо, дека не сум ја силувал за да не биде ”бела врана” во околината...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
16. КОГА Е В ТУЃИНА И СОКОЛОТ ГО ВИКААТ ВРАНА - не оти на туѓинците со јазик неразбирлив им грачи, туку оти со крилјата поткастрени тој таму и станал но бела врана на другите птици јајца да им квачи...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Доаѓале баби треварки и белобради екими да ги лекуваат со секакви илачи, со тревки во јазовчево масло, им обесувале на врат лилјаци заклани со златна пара, ги прскале со крв од бели врани.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)