бел (прид.) - грива (имн.)

Од нив светка, се прелива, дури и црната прав што постојано врне од белата грива на возовите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Погледот на старицата стои прикован за тревата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Љубовна луња на усните на млекарката што пее квечерина и Одот нејзин што отвора тајни врати низ кои се гледаат Белата грива на детството Грозно ронење на твоите години и ѕвездите што ќе трепкаат врз тебе.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Инаку ти би видел дека твоите сонувани џиновски стебла се истргнати од корен додека во нивните стеблаци невратно гаснат очи на црвени верверици; инаку ти би видел дека белите гриви на ветровите висат како свенати класја.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Како, бе, автенце?“ се зачуди Влатко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Пак нешто фантазираш. Она за бел коњ со бела грива - реално ти е.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Еј, слободице мила!“ извикав и се протегнав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ми се пристори, со прстиве би го допрел она парче небо високо и сино, наѕирнато меѓу листенцата од двете тополи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Над нас гранки - грмушки јасмин, јоргован - сеедно што, со спржени правилни лисја.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Заеднички ќе го правиме, заеднички ќе го возиме.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не е важно. Важно е да имаш некаде да се скриеш и намира да ја допушиш првата цигара.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пак ми се пристори бел коњ со бела грива, а јас вјавнат галопирам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Меѓу две пеплосани гранки парченце синевина и ронче облак - како бела грива.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Пак нешто се занесуваш: да полетам како птица... како облак бел... вјавнат на коњ со бела грива - и што ти не!“ се подбиваше Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)