бел (прид.) - долина (имн.)

XIX. Сега беше пак неговиот јужен ветер и Змејко можеше просто да го види од својот прозорец него како заседнува над целиот свет и над Белата Долина, завладувајќи го со своите топли здивови до безостаток целиот ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чекорејќи можеше уште да пцуе. Во самиот мрак беше во Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А уште веднаш по нивното стивнување над целата Бела Долина се надигна еден заеднички лелек од многу арамиски гладни завивања и заплисна со својот сплет, од кој како да потреперуваше целата Бела Долина, обиколена и гола. Сега Змејко можеше и да ги гледа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И наеднаш им стана чудно: како тоа сѐ досега тие да не ја имаат сетено убавината на таа малечка собичка среде снегот, на тоа седело, што луѓето го имаа оделено од белата долина наоколу само за себе и на леглото, и на развалената печка, и на прозорецот, пред кој снежинките како цветови продолжуваа да си ја играат својата волшебна игра, понесени од бавниот игрив виор на врнежот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од она, што го пиштеше сега неговиот глас, оптегнат како полна напната струна над целата Бела Долина, излез не постоеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, за сето време тој не забораваше да забележи и по некое познато стебло, по некоја позната делканица од секира во корубата од тие дрвја, секогаш држејќи се за нив, како за единствената нишка, што му беше негова низ таа наеднаш толку многу туѓа шума, свесен дека тука некаде во близината на неговата трага мораше да поминува и патот, по кој луѓето од нивното село одеа или се враќаа од Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
После слушаше како и во таа ветрива ноќ почнуваат да се извишуваат до вишенебеси изострените писоци на волците по Белата Долина, и сега можеше да биде добро замислена сета изгубеност на гладните попусти завивања низ сета таа ветровитост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)