А од секое пенџере се виори бело знаме од завесите, луфтираат по платената љубов и чат-пат ќе излезе некој во долна маица на некој перваз и ќе плукне одозгора.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Заспа цврсто. бела куќа на бел облак, носена од бели птици; бел чад од бел оџак, бела гитара без жици; бела музика од бел ѕид, бел славеј надвор од вид; тик-так нон-стоп часовник ѕиден, отчукува време на живот иден; лево-десно шета едно бело клатно, со бела боја црта на празно бело платно: бели гради на бела жена, легната на бела постела; сето тоа на бело знаме веено од бел призрак, качен на бел рид над кој се спуштил бел облак.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)