Од високото сега гледавме на миризливиот бел килим од расцутените сливи и другите овошки.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Зорите ведри, росни, студени во кои како бел килим маглата е послана по длабоките котлини, а облаците – црните носат долготрајни студени дождови, што доаѓаат нагло со многу силни и долги грмотевици и нивниот одглас долго се пренесува низ долгите и длабоки трапишта, процепи и клисури.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се смрзнав во место, исплашен да не скршам или да не уништам нешто, а потоа ги собув чевлите и смрдливите нозе ми пропаднаа во белиот килим, кој беше толку чист што моите чорапи сигурно го навредија.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Толку бев збунет што се најдов во ваква нова средина, што дури во тој момент ми текна дека моето не толку далечно семејство е нешто невообичаено, дека дури и мајка ми и баба ми, кои дури двапати годишно ги чистеа ѕидовите од станот, не беа толку чисти, уредни и вознемирени околу чистотата на куќата како што беше тетка ми.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)