Беше примен и од тогашниот претседател на Рерублика Македонија, Киро Глигоров, од ресорните министри, посети неколку потенцијални фармери, предели во Македонија каде што сметаше дека ќе има најдобри услови за новата козја револуција во земјата на некогашната бела контрареволуција на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Секој даваше свое толкување. За едни, козите ја најавуваа „белата контрареволуција”, за други – козите беа дојдени „поради реакциите на селаните од принудно формираните задруги”, трети во тоа го гледаа замешан Сталин, коминтернистот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се разбира, ова ќе наиде на лош прием кај месната власт, решена да ја совлада белата контрареволуција...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Деноноќно стигнуваа до центарот извештаи за однесувањето на козите, се испраќаа криптозаштитени инструкции до републичките центри, се сумираа искуства, се испраќаа препораки, директиви, се сугерираше планот за последниот јуриш против „белата контрареволуција”.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Каков главен град е тоа со кози, и со Козар маало, а во неговиот центар, со тоа проклето гнездо на белата контрареволуција.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)