Суви мисли не распознава сончевиот часовник. А времето не стои.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Убавината на библискиот пејзаж на синото Езеро ја надополнува горделивото, елегантно и господско пловење на белиот лебед, со долг и широк клун.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Од далечината на сината вода се доближуваа два бели лебеди, како први зраци на будењето на Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сепак, спотнало челото под црниот шешир. Спотнат поглед кон езерцето каде што еден бел лебед танцува парадно со јато златни рипи, бистрооки, со солзи бисерлии во погледот.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)