Уште кон крајот на 1940-тите, како што покажа историчарот Џорџ Чанси и како што сведочат многуте анегдотични информации, некои геј-мажи почнале да преземаат извесен нов, изразито американски машкудански стил: изглед што го дефинирало носењето бела маица, фармерки и кожена јакна.57
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Му ја подадов белата маица на прерамки во која имав спиено претходната ноќ.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Јован беше сув и жилав. Му ги гледав рамената подадени нанапред, кафеави наспрема белата маица, повеќе аглести отколку заоблени, мускулите над лактот издолжени со модрите жили.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ѕвончето заѕвони и по неколку секунди Французинката стоеше во станот на Ѓорѓија во бела маица со кратки ракави на која беше испишано името на некој ресторан.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)