А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мислеше на оној нивни соученик напред, во белата наметка и со поцрнетото извоштено сребрено барјаче. Тоа беше тој.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Па нели Исус ја ширеше својата мисија шетајќи бос и облечен само во бела наметка.. - му одговори Метакот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)