Да се опијанувам од нејзиниот мирис кога ќе ја видев подразгдена и ќе и ги замислев дојките во моите дланки, повремено да и ја здогледам снажната бела нога разголена до високо над колено и како си го дотерува лицето седната пред тоалетното огледало, надевајќи се дека во огледалото ме здогледува колку вљубено ја гледам додека таа мислеше на својот Германец, а на што јас, поради својата занесеност, заборавав.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А кај може да се спие кога во главата ти седат белите нозе на Родна и оние нејзини полни и подзавртени цицки што како збудалени животинчиња чиниш се ловат под веленцето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)