Стигнуваше и до белиот облак над куќата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Толе се изненади на неговата љубов и приврзаност, но за него таа беше бледа сенка од бело облаче, која за час исчезнуваше под светлите лачи на јулското сонце.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Белиот облак на земјата се спушти како рој бели пеперуги на починка.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Гледан од прозорецот на мојата куќа, белиот облак, во однос на снегот на врвот на Шапка, изгледа сив.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но и без да погледнам знам дека куп подвижни кумулуси го составуваат од бели облаци ликот на големиот Сталин, од студените дни Јосиф Висарович Џугашвили. Тој, ти кажувам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Миг пред да се пресудат самите или да паднат од куршум на оние другите, тие, и Питу Гули меѓу нив, виделе: низ чадот на запалените куќи и низ криците на очајните жени и деца, сличен на бел облак роден од луња, коњот Лебед во долги и некако призрачно бавни и нечујни скокови, бездруго призрак на себеси вчерашен винопиец и пламенен тркач, се доближувал кон месноста Мечкин Камен.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Другите две , иако со светли очи, имаа стврднати усни и, секако, исто таков, како најстарата, груб и немочитвенички глас. тој, сега вдовец, гледаше преку главите на жените во планинската црногорица, и погоре, во белиот облак, со глава на јаре.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тука, под белите облаци на круните од високите буки, стоеше една изгасната провидна темнинка, што немаше никаква белина ни во најбелите мигови на белата зимна ноќ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Небаре бел облак се спуштил над него - ја здогледал самовилата и миговно станал.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
НЕ БИЛ БЕЛ ОБЛАК... ЛЕБЕД СО ЛЕБЕДИЦА - БЕЗ КРИК ЛЕТНАЛЕ ОТАДЕ ГАЛИЧИЦА - КОН БЕЛОНО ЕЗЕРО... Август -1951 Декември - 2012
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Со едното око Чана гледа дека таму напред локомотивата испушта прво бело облаче, потоа ждригнува клобурци клобурци црни саѓи што целата ја покриваат, клобурците се претвораат во писок, во дрангож и во воздишки низ сите вагони.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Вардарецот како нож... и крвав месец над градот што броди по бел облак растегнат како греда од Водно кон исток...
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ќе го истуриш шишето во топлата вода, ќе брцнеш со рачиштето два-три пати и целата вода ќе се претвори во сапуница. Густа како најгуст бел облак.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А белите облаци носат жега.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Заспа цврсто. бела куќа на бел облак, носена од бели птици; бел чад од бел оџак, бела гитара без жици; бела музика од бел ѕид, бел славеј надвор од вид; тик-так нон-стоп часовник ѕиден, отчукува време на живот иден; лево-десно шета едно бело клатно, со бела боја црта на празно бело платно: бели гради на бела жена, легната на бела постела; сето тоа на бело знаме веено од бел призрак, качен на бел рид над кој се спуштил бел облак.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
О сино крило кон морски свирки што те води; У крило зелен пламен под сенки на зелена шума што те гори; И крило црвен шум на тишини во крвта што ти вријат; Е крило бел облак мека перница што ти е; А црно крило дома само ноќе што те носи Пет крила на сон си порасна малото момче.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Не можеш да разликуваш што е небо, што планина – говореше старецот, понесен од тајните на далечините. –Дебелиот снег и густите бели облаци може да ги победи само топлиот ветар на љубовта со својата волшебна моќ.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тие луѓе иако сонуваат дека главата им е негде високо, како врвот на Килиманџаро, и се занесуваат дека нивната глава ги надвишува сите други, не забележуваат дека така им се причинува само поради оној бел облак што вечно е присутен на високиот врв.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Долу, од другата страна на белиот облак, се слушнаа истрели.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Мислејќи на нашите мили семејства, се предадовме. Ја урнаа песната што ја кренавме во небото, ја ампутираа кулата на триста метри височина, а горе ставија шапка која и ден денес може да се види, вистинска беда.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Лежеше истегнат на тревата, гледаше во еден бел облак што патуваше по бескрајното небо и му ја пееше оваа песничка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)