Крвавите локви на белите постели сведочеа само за неговата физичка надмоќност.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На бела постела, црвени траги, лажно иницираат... вжештено пријателство, со избришани емоции... и сенз...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Над платното лежи твојата рака фатена во градината на боите. Ти ми го понесуваш со себе убавото зајдисонце оставајќи ме на брегот по кој паѓа темнината како црни саѓи по белите постели.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Наплив на желби го прекршија Моето кревко срце Во зракот на утрото, поведиме Во зоната на сончевата патека Не ме плаши височината Патот на мислата е побрз од светлината Во скутот на бела постела Од допир што дразни Ќе ги допрам ѕвездите, месечината...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Заспа цврсто. бела куќа на бел облак, носена од бели птици; бел чад од бел оџак, бела гитара без жици; бела музика од бел ѕид, бел славеј надвор од вид; тик-так нон-стоп часовник ѕиден, отчукува време на живот иден; лево-десно шета едно бело клатно, со бела боја црта на празно бело платно: бели гради на бела жена, легната на бела постела; сето тоа на бело знаме веено од бел призрак, качен на бел рид над кој се спуштил бел облак.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)