Во делото The 3 Standard stop pages од 1913-14г. исто така се појавуваат, како и низата преклопени паралелограми, цик-цак trompe l'oeil пукнатина пробиена од тродимензионална четка за шишиња, бел правоаголник, и други мотиви, вклучувајќи голем број кругови поставени долж шипките.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Овие ремења го преобразиле бурето во еден вид ранец и одговараат, сметам, на цртите кои излегуваат од секој агол на белиот правоаголник. („Конусниот трупец” во Дишановите белешки е опишан во облик на „пресечено буре”).
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Овде времето изгледа стеснето - иако „ Божјиот прст” сѐ уште не се судрил со велосипедистите кои следат по белиот правоаголник, расцепот што ќе го предизвика нивниот судар не е само претставен туку веќе грубо поправен со трите вистински безопасни игли.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)