Зошто понекогаш езерото се проѕева ширум
божем е бел тигар, бела мечка
се надига како квасец подготвен
за најголемиот леб на светот
(ти викаш светот не е само она кое се гледа
од оваа страна на видиковата линија
и сѐ повеќе ти верувам!)?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Троа погоре бел тигар им го варди патот на црните номади каде и да плукнеш ќе си најдеш алтани среде Алтајската Гора и ако се палиш на народни ќе си ја викнеш Горо ле, горо зелена оф леле, леле, и тука имало Хунзи играорци и занесени, и однесени, што си мислат ако се пуштат по Об и Иртиш и ако се бабачковци и ксметлии, директно до Белото Море ќе допливаат.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)