А над таа бела тишина се наклопило сиво небо и притиска како оловна плоча.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Чанга немаше време за козарите. Тој ѝ се препушти на белата тишина на планината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Никој не му тежеше со своето присуство и тој изнаоѓаше нови радости за својот поглед и за своето тело; беше доживување за него тоа што можеше да ја сака слободно таа бела тишина пред себе и постојано да изнаоѓа во себе едно чудно разбирање со тој простор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Заедно излегоа надвор. Ги пречека благо, јужовно време, со сиво, мирно небо и спокојна бела тишина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Секој со своето врзопче време нагоре-надолу, натаму-наваму, сè дури не се пресоздадовме себеси во саркофаг зборови, во една бела тишина...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)