Зеде лист бела хартија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кутриот Татко, со оваа перодршка, како со копје, и со последната капка мастило, како со последните капки на крвташто течеше низ неговите дамари, токму со оваа перодршка што ја држеше цврсто, како со патерица на своите тешко контролирани и задржувани мисли, на листот бела хартија, го задржуваше простум своето тело, својот дух, својот живот...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но, дури и така растревожен тој сфати дека не сакаше да ја размачка белата хартија со тоа што ќе ја затвореше тетратката додека мастилото беше сѐ уште мокро.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Нејзината мазна бела хартија, малку пожолтена од старост, беше од оној вид што не се произведуваше најмалку четириесет години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Перодршката беше архаичен инструмент, ретко употребуван дури и за потписи, а тој ја набави кришум и со големи тешкотии, само затоа што чувствуваше дека убавата бела хартија заслужува да биде испишана со вистинско перце, наместо да биде исчкртана со хемиско пенкало.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Нашите љубопитни пријатели позајмуваат ли, позајмуваат, и не враќаат! – одмавнува: - Јас и така можам да читам за кусо, и тоа само книгите што се печатени на дебела, бела хартија и со црни, мрсни букви.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но, популарноста ја стекна тогаш кога на балот на сликарската четкичка го приклучи строгото праволиниско оро на гускиното перо, простете, ако знаете за поинакви средства за пишување по бела хартија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Плачеше. На белата хартија стоеше дека треба да се пријам во својата воена единица.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Руменилото на здравите момински образи за миг минуваше во проѕирност на бела хартија наспроти сончев зрак.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Шишко го расплеткуваше минатото, Ристо борбата, јас со широко зејната уста ги слушав и дозволував сето тоа да влезе во мене не само преку ушите и устата, туку и преку моливот и белата хартија со што ги уловував во истиот миг.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но не целосно, јас преведував темни фрагменти од мојата душа положувајќи ги врз светлата бела хартија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Зедов тор бела хартија и наострив неколку моливи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Како да бев предодреден со кодот на мојата баба, во животот да отворам нови врати.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Моливот ми стануваше клуч, а белата хартија брава.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се најдов пред белата хартија. Како пред бојно поле. Со своето перо како меч.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зад кулисите на човечката суета, Додека трае тој краток допир на лежерна опуштеност Како втор Рембрант ван Рејн, што ја оживеа природата на платно Јас на лист бела хартија и црно перо во стилот на виножитото со раскошни бои ќе го насликам светот.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сѐ беше и многу необично а и многу веројатно како да беше напишано на бела хартија.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)