— Mope, нека бидат живи ќерките, брату, та лесно е за кожувите, — одговори Стојо и и честита и на Доста, го одви девојчето, го поткрена дури до греда, го остави во крошнето и извади еден бел черек, кој го носеше од пред три месеци за овој ден и го дарува првото внуче од брата си.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе смени некој грош, бел черек или бела меџудија, ќе им „измие очи", што велеше тој, и од стари, 'рѓосани, ќе светнат, оти човекот клава сребро: ќе платат мариовците, иако тој арчи петдесет драма киселина за сета таа работа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Откаде боже златен, вие пари?, — се чудеше пуста му мајка кога ѝ се фалеше и дури ѝ потфрлуваше по некој и друг бел черек. — „Откаде му се“?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ги реди сите занаети „додека бабата да го разврзе крајот на црното шамивче и ги извади двата бели череци да му го плати заметот на дедот поп за работата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По примерот од Челебијата, сите чауши, почнувајќи од Ѓузепа до кир Андона беа си фатиле по една посестримка од младите мариовски невевчиња и чупи и секој секоја вечер се шеткаше со по една низ боровата гора, играше до неа на орото во неделините и ја водеше во својот стан сат два пред пајдосот за неколку бели череци месечно, некоја гривна, обетки, прстенчиња, синџирчиња и за некоја и друга натпишана надница.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За тие четири стотини штици, колку излегуваа од педесет трупа, чорбаџијата плаќаше седум бели череци или 35 гроша — на трупарите по еден черек, два на мајсторот дневно, та така него го фаќаше неполни десет пари штицата, а ја продаваше тука, на бичкија, по грош и шеесет пари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ако сакате по бел черек метро — работете! — им рече Ѓузепо.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јас сум суд, јас разбор овдека, ни пара повеќе од бел черек, работи колку сакаш, ако сакаш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Трупарите се позачудија на Толевото прашање, но тие го познаваа и од порано, та беа слободни пред него, бидејќи не беа предмет за неговото внимание.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)