И повтори „Свињо“. Но почувствува дека и другиот нешто знае онака бел во лицето како и самиот што беше, како брестот и поднаредникот, во оној ден пред тоа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Нејзините прсти беа слаби, елегантни и многу бели во споредба со бургундски црвениот лак на ноктите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Луѓето се бели во лицето, од страв, од барут. Ништо не им се зборува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Излезе ибн Бајко надвор од храмот, измазнет и бел во образот, како од бербер да излегол, намачкан со ѓулсуи и тие други берберски марифети. Срцето му тупотеше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Токму тогаш, небаре свадбен подарок, на Баге му го тутнаа решението за пензија и тој дури тогаш се виде бел во косата како главучка праз што презимила во мраз.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На пример, белата во однос на сината сега и самата бела во однос на самата себеси.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Долго, долго додека сонцето ни ја менуваше бојата на кожата од бела во чоколадна.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ќе дојде последниот ден, нѐ прави бели во очите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)