бесшумно (прид.) - ги (зам.)

Почувствував како цел еден свет што го исполнуваше моето детство – часовите во кои брат ми учеше во својата собичка а јас седев во аголот и го набљудував како бесшумно ги придвижува усните додека чита, часовите во кои ми ги пренесуваше знаењата, нашите лежења на креветот додека чувствувавме дека никогаш нема да се раздвоиме – се изгасна засекогаш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ме болеше насетувањето дека брат ми и јас се разделуваме, беше тоа прво сознавање дека тој и јас ќе тргнеме по одделни патишта и таа помисла болеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)