Ним им беше заробен изворот Бистар Кладенец, нивното најмило место во планината, каде што ги поминуваа сите свои денови.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Те погледнав в очи на местото каде бистар кладенец правеше вирче. Од каршија тркалото водата ја точи, а стариот твој од една тревка правеше свирче. 1998
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Во Едемската градина - корија со рајски дрвја, на дрвјата рајско јаболко, јаболките на златни гранки, на гранките чучулиги, од чучулигите песни, од песните бистри кладенци. До кладенците Дрвото - на - сознанието.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Мартин, дете коешто оној ден беше со децата на Бистар Кладенец, беше заспан и сонуваше како е голем па нарамил пушка и ќе оди да го фаќа Луман арамијата.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Паметиш ли, - му рече стрико Настас на деда Лика, - кога нѐ начека Луман во коријата над Бистар кладенец?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Да не верува човек - и од затворена уста ти течат зборови како од бистар кладенец: виолина, насмевка, солза, орев, пудинг, кафе, грч, шепот, песна.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Дечињата повеќе на Бистар Кладенец ниту пиеја вода ниту играа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Отсекогаш децата од Брезница најмногу сакале некако да се најдат кај Бистар Кладенец.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)