СОФИЈА, речиси милионска, е расположена на падините на питомата Витоша, на „најшумовитата“ планина, чие зеленило, чија вегетација се спуштила долу во полето на благите падини - во Софија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Своите разни деца ги испратија низ колеџ, своите родители низ нивните последни денови, своите професионални кариери ги доведоа преку задоволителни врвови до едно плато, а потоа на прифатливо благи падини и/или до пензија, како и своите тела со високи перформанси и бројните задоволени барања.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Но до каде се ѝ лутале мислите во тие моменти, можев само да си замислувам; притоа не престанував да верувам дека секогаш бев близу до вистината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Блага падина, речиси на рамно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Левата рака на војникот со која ѝ ја опфатил половината, ја носела кон благите падини од каде почнувала планината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ова старо Селиште беше и најсигурен доказ дека долината одамна била населена, и дека нејзините благи падини, Рамните Ливади, валтите биле обработувани, биле питоми.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Благите падини - првата спрема исток и југот, блага и сончева, другата спрема западот и северот биена од студените ветрови, биле, можеби, најпогодни во одредено време да се избегне некоја несреќа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)