Полека се присеќаваше на животот преку море, на бараките во кои живееше парченце од срцето на и проколнатиот и благословениот Балкан: меѓу другите - Турци, Грци, Хрвати од Далмација, нешто малку Бугари и нешто македонци, глутница што двапати дневно се развлекуваше како тесто, бараки - фабрика, фабрика - бараки, човечки толпа од закрпи на тага, неутешност, страв, искушенија, пцости и песни донесени од далечини, бил во туѓа земја и го научил животот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)