И блажен е секој од вас што во борбата своја, омалодушен пред многуте безверници што го напаѓале, еднаш се сетил сам и унижен, па заплакал: ’Господе!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Кратка, но каква блажена е тишината кога престануваат лелеците, кога од пред окото се тргнува грозотијата на смртта и кога на небото светнува некоја ѕвездичка, кога одвај успеваш да го доловиш тивкиот морски бран.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Оти блажен е, среќен е оној кој ќе успее да ги спои светлината, бојата и музиката; блажен и среќен е оној што од папокот на жената љубена, од словото свое и од чашата вино ќе сотвори Едно, оти само тогаш ќе го најде, ќе го означи средето на светот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)