Тоа што ѝ недостигаше го купуваше на блискиот зелен пазар, а вишокот зарзават од градината им го даваше на блиските соседи со кои на есен подготвуваше туршија и друга зимница за зимскиот период.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XLII Мајка, до крајот од својот живот, им ја даруваше својата добрина на своите блиски соседи, меѓу кои имаше и неколку осамени врснички.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во градината се ширеше миризбата на печеното од под сачот, на различните цвеќиња, на свежината која допираше од здивот на блиската река, од миризбата на печеното тесто со различни вметоци што се ослободуваше од подотворениот сач.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А ние, децата, знаевме зошто одеше мајка ми во татковата соба, очекувавме решение, а дотогаш одевме кај нашите блиски соседи да им се радуваме на нивните кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Првин втасаа децата од нашите блиски соседи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ноќната тишина ја сечеше острото и нерамномерно дишење на заспаните деца, а, одвреме-навреме, се слушаше мекањето на козите од блиските соседи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)