Тој ја продолжи мислата: - И знај, сине, случајноста може да биде божја волја...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
На божјата волја, ѝ се доверувал Татко на Мајка, овој пат ѝ се надоврзува и волјата на комунистичката власт на новата држава.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Казна или благослов, Божја волја била, живот да му подари, сите поклон да му чинат, со светот да господари.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Сите очекуваа да продолжам. Јас не доцнев: - И така завршуваше божјата волја. Почнуваше новото земно царство.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Останува само да се прифати божјата волја.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Знам, се ближи крајот. Апокалипсата на сиот неред и на сè што оди против божјата волја.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Кај крвните врски, кои ни се наметнати по силата на нештата (или по божја волја), немаме многу избор – се раѓаме заради свесната одлука или не толку свесните постапки на нашите родители, без никакво учество од наша страна, и на овој свет носиме единствена, неповторлива комбинација на нивните гени.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И се мачеа многу, но не можеа да го отворат, по Божја волја.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И се мачеле многу, но не можеле да го отковаат ковчегот, по божја волја.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Не, не плачи Луцијо; овој свет за мене без тебе е безвреден, и затоа си одам, и ќе бидам нешто друго, оти и твојата партија од мене бараше да бидам нешто друго; но јас по божја волја ќе се видоизменам, а не по желба на човек; оти јас веќе некогаш порано сум бил и момче и девојка и грмушка и птица и лушпава риба што од морето скока...“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И еден ден, кога логотетот го свика советот по прашање воено, тој на крајот, откако советувањето заврши, побара збор и рече: „Пресветол и најмудар логотету; долго време веќе мислам и размислувам дека ќе го навлечеме врз себе гневот Божји ако не постапиме мудро: Бог знак ни испрати со Филозофот, и неговите чудесни дела што ни ги покажа овде кажуваат дека божја волја е него да го примиме како тринаесетти мудрец во советот наш, со тебе вкупно четиринаесетмина да бидеме.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Желба моја е заедно да го растолкуваме записот ин, со Божја волја.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога ја прашав за што добро дошла кај мене, се вцрви.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Алегра беше срамежлива, ете велат подпристарена девојка, со непријатното искуство на веридба прекината по божја волја, зад себе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Минале векови, и станало јасно дека не се врти сонцето околу земјата, туку земјата околу сонцето, за природните појави се барале дефиниции, а сепак и натаму божјите посредници ги прогласувале лудите за опседнати од ѓаволот, и спроведувајќи ја божјата воља одлучувале дали опседнатите ќе бидат лечени со молитви, или пратени на аџилак за да ги исцели светото место, или пак, ако проценеле дека станува збор не за опседнатост туку за доброволен сојуз со ѓаволот, казната била палење на клада, или бесење, или давење во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа е божјата волја која му претходи на создавањето на светот!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Времето си работи и не запира, вели, и времето, со божјата волја, ќе исцели сѐ...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не може да оди... Таа рече: - Божја волја...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Во оваа прилика, кога се работи за мошне важна работа што вреди добро да се разгледа, откако ги прегледавме книгите на жалби на нашите католички поданици и откако им дозволивме на своите поданици на споменатата вера, што се прогласува за реформирана, преку своите пратеници да ги соберат и да ги посредуваат своите книги на жалби и да ги соберат сите свои забелешки, и врз основа на тоа со нив повеќе пати ги споредивме и ги прегледавме претходните одредби, оценивме дека е сега потребно да се даде за сите заедно на сите наши поданици општ, јасен и сѐопфатен закон, со којшто ќе бидат уредени сите спорови што до сега се појавиле меѓу нив и ќе се појавуваат и понатаму, и со којшто ќе биде можно да се задоволат и едните и другите, колку тоа во дадените околности ќе биде возможно. што се однесува до нас, поради тоа што оваа одлука ја донесовме само од желбата да му служиме на Бога и со намера сите наши поданици и понатаму да можат да го почитуваат и да склучат меѓу себе цврст и траен мир, понизно ја молиме Margina #32-33 [1996] | okno.mk 93 Неговата божја милост за еднаква заштита и наклонетост, што секогаш видно ја доделувал на ова кралство од самото настанување и сите овие долги години што ги достигнало, и да им наклони милост на нашите поданици, за добро да разберат дека почитувањето на оваа наша одредба (по тоа што е нивна должност кон Бога и кон сите) е главен темел на нивната врска, соживот, мир и спокој и повторното уредување на целокупната држава во првобитниот сјај, изобилство и моќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
(...) Ако е божја волја, сега да ни дозволи да уживаме малку одмор, мислиме дека не би можеле подобро да го искористиме отколку да се посветиме на она што би можело да се однесува на славата на Неговото свето име и служба, и да се погрижиме да го честат и да му се молат сите наши поданици, а ако не му годи да дозволи да биде тоа во еден единствен облик на религија, нека биде барем само со една единствена намера и со такви правила, да нема меѓу нив ниту најмало двоумење или немир и ние и ова кралство ќе можеме засекогаш да го заслужиме и да го сочуваме гордиот назив многу христијански, што бил придобиен со толку заслуги и веќе пред толку време; и на еднаков начин да се отстрани причината за злото и за немирот што би можел да настане заради верата и е сѐ понеопиплив и попродорен од сите други.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Како од наша страна ветуваме дека ќе сториме сѐ за нејзиното почитување и нема да дозволиме да биде било како кршена.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)