божји (прид.) - помош (имн.)

Ќе дојдат ли со вас и мнозина пљачкаши стрвни, - вас ќе ве дочека смело, со божјата помош во борба со душмани крвни в крв ќе запечати дело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тие таму не ми одрекоа. Со моја и со божја помош, еве почнуваме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да, токму себе, од времето кога нана ми, држејќи ме за раката, ме влечкаше кон црквата, кон божјата помош.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Така беше, милостив господару, со божја помош и желба Негова.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од удари на животот носот тажно му висел; бил светец на манастирски ѕид, се симнал проѕемнат од тој ѕид, поцрнел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ни со божја помош не можеле веќе стутканите уши да му се доближат до черупката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така, биро. Свртете се и можеби со Божја помош ќе се најдат пари во мојата азна...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Нека ја следи Божјата помош на твоите сестри лазаристки од редот на св. Пол де Венсан. И јас сум со тебе!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)