Освен таа доминантна “театарска” сценографија (извонредно богата, со треперливи сенки по yидовите и суптилните менувања на светлината - ден, ноќ, божја светлина?!) Гринавеј ужасно многу црпи и од сликарството, посебно она од 17 век, и тоа како од она црковно, религиозно сликарство, така и од - низ многубројните филмски портрети и мртви природи - световното сликарство.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Да се сетеле, сигурно би го раздробиле витражот на уште поситни парченца, до непостоење на боите, на ова останато живо око на некогашната катедрала, извор на далечната божја светлина...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И така светкаа пламенчињата на сите страни во ноќта, луѓето грижливо и побожно ја носеа светлината, како да ја носеа првата божја светлина со која зачнал светот и се победила темницата, злото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)