Жената молчеше, беше згрчена во износен капут и тешко се држеше на нозе - беше болна или пијана, а тој ја гледаше, нејзе и офицерот, борејќи се за малку сила за да издржи додека тие не се оддалечат, за да продолжи кон осветлениот прозорец на крај на улицата, за да - за да живеам, мислеше и слушаше.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ќе тропнеме на врата, а жените ќе се свиткаат в постела: се преправаат дека се болни или трудни.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веднаш си помислив дека некој е тешко болен или е на умирање и не дај Боже, да не умрел...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)