Болничките соби, коридорите, па дури и подрумите беа полни со ранети.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Навистина е така, понеси го таму, преку другата страна, чесниот лекарски збор.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Јас, кој веќе сум бил по сите болнички соби, овде и насекаде, јас ти велам: твојата рана не е толку тешка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
- Доброутро! Како сме денес? - им се обрати докторот на тројцата пациенти кои ја делеа болничката соба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но тој не доаѓаше од болничката соба, доаѓаше од собата каде што престојуваа докторите. Но, што бара Томо таму?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Од празните болнички соби и ходниците во кои владее длабока, мртва тишина што ја поматува само тивкото крцкање на подгниените прозорци со испокршени стакла и врати, бие огромна осама која предизвикува измачувачки немир и чувство на болка.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Додека да помине визитата Рада ја напушти болничката соба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)