бракоразводен (прид.) - парница (имн.)

Живееше од бранење на ситни и крупни криминалци, бракоразводни парници, фирми кои што се колеа по судови околу своите или туѓи пари.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Еден некогашен адвокат, кого клиентите почнале да го одбегнуваат заради неговата зависност, сега активен блогер под никот "Оmerta", донесе прекрасни извици, собрани по судските сали и ходници, на парови во бракоразводни парници и на корумпирани, ситни шалтерски работници, во моментот кога ги изнесуваат од полициското комбе и со врзани раце ги внесуваат во судот, снимани од локалните телевизии.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)