Турбулентните години кај овој брачен пар веќе од поодамна беа оставиле видлива трага.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
По југословенско-советскиот судир кон крајот на 1948 година и нарушувањето на односите со Југославија, младиот брачен пар, во знак на патриотизам ќе се врати во земјата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Имено, во шеесетите години од минатиот век, брачниот пар бил на посета во Штип.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ете, овде брачниот пар Павловиќ (автори на сценариото за популарните ТВ-серии Бољи живот, Среќни луѓе) одлучија да ја започнат својата кариера на успешни ТВ сценаристи.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
„Отсекогаш бракот бил здружување на двајца за да се формира фамилија, да се осигура иднината и на децата (брачниот пар) и на фамилиите на тие деца, но и на потомството.“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Гетото има практична локација: поставено близу до железничката станица, ги брои сѐ помасовните транспорти со мажи, старци, деца, девојки, трудни жени, млади брачни парови земени неодамна во една, во тие околности неочекувана и чудна епидемија на свадби што се случуваат и по сто на ден, но и на болни, исцрпени, предсмртни и млади, здрави, полни со живот, очајни луѓе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Март е, пролет, време кога на календарите се бележи времето и празниците посветени на радоста и на обновата на природата, а не време за замолк, не време на смрт... Во главата (што му е?) непрекинато му одѕвонува тажното мане изведувано на ут од сефардската песна „Примавера ен Салонико”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Обично брачни парови агрономи, сточари, од сродни или други професии, користејќи од владата поволни кредити, отвораа свои козји фарми и обезбедуваа солидна егзистенција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тие не беа некои особено друштвени луѓе од оној тип брачни парови кои постојано или имаат гости или се на гости.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)