бремена (прид.) - работничка (имн.)

Во консултации со работничката, а во зависност од ризикот по нејзината безбедност и здравје, работодавачот мора да воведе мерки за заштита на бремената работничка, работничката која неодамна родила или дои, за отстранување или намалување на опасноста од: (1) неповратни ефекти; (2) предизивикување рак; (3) наследни генетски оштетувања; (4) предизвикување штети на нероденото дете и (5) предизвикување штети на исхраната на детето (чл.15 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Изрично се забрани прераспределба на работните часови за неколку категории на работници и тоа: (1) помлад работник; (2) работник – инвалидно лице; (3) бремена работничка; (4) работник кој постојано се грижи за дете до три годишна возраст и (5) работник – самохран родител кој постојано се грижи за дете помладо од 15 годишна возраст (чл. 25 од ЗИДЗРО/фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)